Техничка подготовка

Нашиот оддел за техничка подготовка ја разбира вредноста на времето и важноста на роковите. Ние го нудиме најновото од технологијата за предпечат и работиме на најдобрите софтвери и платформи. Ние можеме да им влееме сигурност на нашите клиенти за брза испорака и максимална заштеда.

Во однос на проверката на бои, распоредот и монтажата на вашите графички документи, како и пренесувањето на податоците на плоча, ние користиме напредни оперативни системи и компјутерски програми, кои се последен збор на пазарот. Користејќи CTP (Computer to plate) технологија, произведуваме беспрекорни печатарски плочи, кои се неопходни за понатамошните производствени чекори.