Денес, Печатницата поседува ресурси за извршување на сите видови графички услуги, за секаков вид графички решенија, почнувајќи од стандардни до најсуптилни и најпрефинети дизајни.
Меѓу позабележителните резултати од работењето на Печатницата можат да се издвојат печатењето на првите современи македонски пари, на целокупниот избирачки материјал во државата, на сите видови хартии од вредност – достигнувања со кои Печатницата максимално го даде својот  придонес во осамостојувањето, развојот и афирмирањето на нашата држава.
Печатница „11 Октомври“  за своите клиенти ги нуди на располагање следните услуги:

  • Техничка подготовка
  • Печатење
  • Доработка
  • Безбедносен печат