Системот за управување со квалитет во Печатница „11 Октомври“ АД е во согласност со барањата на ISO 9001:2015 стандард од месец Мај 2004 година и поседува сертификат бр. 44 100 18 32 0072 и работи според барањата на стандардот, систем за управување со животна средина кој е во согласност со барањата на ISO 14001:2015 и е од месец Април 2009 со сертификат бр. 44 104 18 32 0072 и стандард FSC со сертификат бр.44 751 181547 од 01.08.2018. Трите стандарди го следат опсегот за дизајн, производство и испорака на печатени производи.
Процесите се јасно дефинирани со блок дијаграми и работни процедури за управивање и воспостсавување мерливост и мониторинг на нивните перформанси. Записите кои произлегуваат од процесите обезбедуваат податоци кои се анализираат за да се определи ефикасноста на системите и идентификуваните можности за подобрување. Системите за квалитет, животна средина и FSC се дефинирани со следнте документи:
- Прирачник за квалитет, животна средина и FSC, со вклучена политика за примена на стандардите;
- Процедури за работа;
- Работни упатства и рецептури, рефернтни документи;
- Записи и извештаи.
Политика за квалитет и животна средина
Следејќи го современиот тренд и развој на графиката технологија, ЗД Печатницата „11 Октомври“ АД се обврзува за мисија, стратегии и цели за квалитет насочени кон:
- Стабилен развој, сигурност и зголемување на нашата конкурентност на пазарот, постојано проширување и модернизација на технолошките капацитети согласно светските трендови во графичката област.
- Континуирано подобрување на квалитетот на графичките производи и услуги кои ќе ги задоволат барањата и очекувањата на нашите купувачи и ќе влијаат на нивната конкурентност.
- Редовно одржување и континуирано подобрување на ефикасноста на процесите и ефективноста на системите.
- Постојано стучно оспособување и едукација во рамките на нивните одговорности и овластувања, а во насока на свесност за животна средина.
- Обезбедување на ресурси за безбедно и ефикасно работење за исполнување на поставените цели и задачи.
- Заложба за континуирано подобрување на еколошките услови и спречување на евентуални негативни влијанија на животната средина и здравјето на луѓето.
- Почитување на сите релевантни закони и регулативи што се применливи на нашата локација и активности.
- Одржување на сите релевантни закони и регулативи што се применливи на нашата локација и активности.
- Одржување и негување професионални односи со своите добавувачи и сите заинтересирани за нашето работење.
- Заштеда на природни ресурси, енергија и минимизирање на употреба на штетни материјали.
Нашите производи и услуги ќе бидат во согласност со интересите на вработените и на опшеството пошироко, со исполнување на барањате дефинирани со стандардите за квалитет: ISO 9001:2015, ISO 1400:2015 и FSC стандардот и другите применливи закони.

