fortuna-security-printing-604x272

Безбедносен печат

Нашиот оддел за безбедносен печат нуди печатарски услуги за документи со висок степен на заштитни елементи и документи кои бараат посебни безбедносни карактеристики и/или безбедносни хартии. Некои од овие заштитни елементи се аплицираат на специјално произведени хартии/хартии од вредност кои во себе содржат теми видливи само под ултравиолетова светлина. Нашите можности вклучуваат печатење со невидливо мастило, невидливи влакна, печатење на микротекст, втиснат дизајн и нумерација.

Печатница 11 Октомври има посебен оддел, за печатење на документи со високи заштитни елементи. Огромното искуство на тимот на Печатница 11 Октомври, заедно со технологијата и нашите доверливи добавувачи, можат да ве упатат во графичко решение, на најекономичен начин.