Системот за управување со квалитет во Печатница „11 Октомври“ АД е во согласност со барањата на ISO 9001:2008 стандард од месец Мај 2004 година и поседува сертификат бр.  ФС 78799 и работи според барањата на системот за управување со квалитет и Системот за управување со животна средина кој е во согласност со барањата на ISO 14001:2004 и е од месец април 2009 со сертификат бр. EMS 547606. Двата стандарди го следат опсегот за дизајн, производство и испорака на печатени производи.
Процесите се јасно дефинирани со блок дијаграми и работни процедури за управивање и воспостсавување мерливост и мониторинг на нивните перформанси. Записите кои произлегуваат од процесите обезбедуваат податоци кои се анализираат за да се определи ефикасноста на Системот и идентификуваните можности за подобрување.
Системите за квалитет и животна средина се дефинирани со следнте документи:

  • Прирачник за квалитет и животна средина,со вклучена Политика за квалитет и животна средина и цели за квалитет и животна средина;
  • Процедури за работа;
  • Работни упатства и рецептури, рефернтни документи;
  • Записи и извештаи.

Политика за квалитет и животна средина

Следејќи го современиот тренд и развој на графиката технологија, Печатницата „11 Октомври“ АД се обврзува за мисија,стратегии и цели за квалитет насочени кон:

  • Стабилен развој, сигурност и зголемување на нашата конкурентност на пазарот, постојано проширување и модернизација на технолошките капацитети согласно светските трендови во графичката област.
  • Континуирано подобрување на квалитетот на графичките производи и услуги  кои ќе ги задоволат барањата и очекувањата на нашите купувачи и ќе влијаат на нивната конкурентност.
  • Редовно одржување и континуирано подобрување на ефикасноста на процесите и ефективноста на системите.
  • Постојано стучно оспособување и едукација во рамките на нивните одговорности и овластувања, а во насока на свесност за животна средина.
  • Обезбедување на ресурси за безбедно и ефикасно работење за исполнување на поставените цели и задачи.
  • Заложба за континуирано подобрување на еколошките услови и спречување на евентуални негативни влијанија на животната средина и здравјето на луѓето.
  • Почитување на сите релевантни закони и регулативи што се применливи на нашата локација и активности.
  • Одржување на сите релевантни закони и регулативи штосе применливи на нашата локација и активности.
  • Одржување и негување професионални односи со своите добавувачи и сите заинтересирани за нашето работење.
  • Заштеда на природни ресурси, енергија и минимизирање на употреба на штетни материјали.

Нашите производи и услуги ќе бидат во согласност со интересите на вработените и на опшеството пошироко, со исполнување на барањате дефинирани со Системот за квалитет според ИСО 9001:2000 стандардот и другите применливи закони.